Ангеловски: Загреб е силен, но има и маани

Еурофарм Пелистер утре на свој терен го пречекува тимот на Загреб во рамки на 10 коло од Лигата на шампионите. 
Хрватите пред почетокот на сезоната, па и по воведните кола на хартија беа екипа против која Е. Пелистер сметаше дека би можел да освои бодови.
Сликата почна да се менува како течеше натпреварувањето. Загреб откако го смени тренерот Славко Голужа и главно откако Андрија Николиќ, асистентот е на кормилото игра како препороден, имаше и понекој спектакулраен меч како оние против Колстад и ПИК Сегед, па сега во Битола доаѓа со јасна улога на фаворит. 

„Загреб има одлична млада генерација. Имаат спој на младост и искуство. Кога зборувам за искуство мислам на Диборов, Чупиќ и Гојун. Тоа се трите стратешки позиции кои ја прават одбраната толку хомогена и густа. Нема да биде лесно да ја разбиеме таа одбрана.
Загреб игра константно добро и за мене не е во прашање и нивниот пласман во следниот круг на Лигата на шампионите. Фасцинираат нивните игри, но имаат и маани, на кои ние ќе обрнеме внимание во овие следни два дена и ќе бидеме спремни максимално за нивната игра и во напад и во одбрана“, рече Ангеловски. 

Дуелот меѓу Е. Пелистер и Загреб е закажан за утре со почеток од 18:45 часот во салата „Боро Чурлевски“. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk