СП: Данска ја понижи Романија

Романија е репрезентација околу која секогаш се вртат интересни приказни на ЕП или СП. И логично е, имаат скап тим, а очекувањата и притисоците од нивната јавност можат да се мерат дури и со тие на македонската. Разликата е во тоа што на пример, таму има повеќе основ да се бараат резултати, па и медали. Од проста причина - претпоследниот клуб во женската ракометна лига на Романија има буџет од 900.000 евра. 

Романија долго време е зависна од перформансот на некогаш најдобриот светски играч, а сега најскапиот - Кристина Неагу. Проблемот е што Неагу е повредена, има проблем со коленото и тешко оди враќањето назад, а очекувањата од неа се преголеми. Патем и најави дека ова е нејзиниот последен настап за репрезентацијата на СП. 

Импресивната игра на Романија на дуелот со Србија и победата од 37-28 имаше еуфоричен ефект меѓу нивните фанови па весниците инфирмираат дека коментарите одат во правец на тоа дека Романија игра подобро и побрзо без Кристина Неагу. 

И само што рекоа дека се подобри без неа, дојде дуелот со Данска. Резултатот 39-23 (21-10). 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk