Денеска завршува Групната фаза од Европската лига. На програмата е последното шесто коло по кое пола од екипите го завршуваат својот европски настап, а другата половина ќе продолжи да се натпреварува во Главната рунда, каде што екипите ќе пренесат бодови од два натпревара, а ќе одиграат вкупно уште по четири средби.
Во Скопје се игра мечот меѓу Алкалоид и Ла Риоха, два тима што со овој дуел ја завршуваат евро-сезоната. Подвлечено, во оваа група на крајот излезе како што според моменталниот ранкинг на екипите и предвидуваше. Останува битка за првото и битка за третото место.
Македонскиот вице-првак немаше цел големи резултати. Екипата беше скроена во полза на домашните ракометари кои требаше и добија шанса да играат шест европски натпревари со клубови што имаат подолга традиција и на поинаков начин составени екипи. Подвлечено, од овие шест натпревари прва корист би требало да види македонската репрезентација, затоа што добар дел од овие ракометари се репрезентативци и добија и шанса и минути во Европа да соберат искуство и да достигнат одредена форма пред настапот на ЕП 2024.
Понатму во Плејоф шампионатот и клубот би требало да види бенефит од европската сезона.
Алкалоид иако не купуваше скапи странски играчи за инстант резултати не се посрамоти. Во сите пет досега одиграни средби видовме сосема коректни натпревари. Видовме и минуси, особено во реализацијата, видовме и плусеви, во многу сегменти кај многу играчи.
Сепак, за „бркање“ на резултати против вакви противници, тоа не е никаква ракометна мудрост, потребни се засилувања со поискусни играчи и тоа од возраст и формат какви што македонскиот ракомет во моментов за жал нема на располагање.
Вечерва Алкалоид игра за своја прва европска победа. Ла Риоха им избега низ прсти на македонските ракометари во Логроњо, логично е сега на домашен терен да чекаме подобар исход.
Од моментот кога се играше во Логроњо до сега, екипата на Ла Риоха значајно ја подигна формата, запиша пет победи по ред во Асобал и еден триумф над Војводина во Европската лига и тоа во Нови Сад. Беа блиску до победа и над Силкеборг на домашен терен минатото коло, но таков расплет во драматичната завршница спречи голманот на Данците. Таа серија за момент ги однесе до четвртото место во Шпанија и веруваме дека најдобрите резултатски денови за нив допрва доаѓаат.
Во Скопје доаѓаат резултатски неоптоварени, но во добар залет и полни со самодоверба. Улогата на фаворит, без размислување им ја доделуваме нив, иако Алкалоид вечерва на хартија ги има најдобрите шанси за прва победа во својата деби сезона во Европа.
ДЕНЕСКА ИГРААТ:
18:45 ЧАСОТ
АЛКАЛОИД - ЛА РИОХА (МТВ - 3, TV Arena Sport 4)
БЈЕРИНГБРО - СИЛКЕБОРГ - ВОЈВОДИНА (TV Arena Sport 1)
ДИНАМО (Б) - ШАМБЕРИ
ФЛЕНЗБУРГ - ЛОВЌЕН (TV Arena Sport 3)
ГОРЕЊЕ - СЕВЕХОФ
КРИЕНС - АЕК
КРИСТИЈАНШТАТ - БЕНФИКА
ТАТАБАЊА - ГЛОГОВ
20:45 ЧАСОТ
БРАГА - НЕКСЕ
КУЕНКА - ВИНТЕРТУР
ЕЛВЕРУМ - КАДЕТЕН
БЕРЛИН - ИЗВИЃАЧ (TV Arena Sport 5)
НАНТ - РАЈН НЕКАР (TV Arena Sport 6)
БИСТРИЦА - СКЈЕРН
СПОРТИНГ - КОНСТАНЦА
ЖАБЖЕ - ХАНОВЕР
ТАБЕЛИ