Силкеборг го купи Мортен Олсен

Само два дена откако беше обелоденето дека ГОГ го отпушта плејмејкерот Мортен Олсен поради внатрешни недоразбирања што траат подолго време, на сцената стапи Бјерингбро-Силкеборг, екипата со која Алкалоид во Европската лига двапати ги одмеруваше силите. 

Расплетот во Гудме, беше шанса за Силкеборг. Клубот веднаш ги информирал спонзорите за шансата што им се укажува, за два дена биле собрани потребните дополнителни пари во буџетот и денеска Бјерингбро-Силкеборг се пофали дека Мортен Олсен е нивни играч до јуни 2025. 

И не само тоа, туку на лето кај нив доаѓа уште еден играч на ГОГ. Капитенот Андерс Закаријасен. 

ГОГ, пак, откако сезонава ги загуби тренерот Николеј Крицкау, потоа Лукас Јоргенсен и Симон Питлик, а сега и Мортен Олсен, на лето ќе остане и без Закаријасен, потоа Арон Менсинг, новата ѕвезда Емил Мадсен и голманот Тобијас Тулин. Ќе имаат и нов тренер и ќе градат комплетно нов тим. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk