ГРК Охрид се засилува со Јапонец

Македонскиот плејоф станува интересен, иако уште не е завршен регуларниот односно прелиминарниот дел од сезоната. 
Иако Македонија следната сезона нема да има директно место во ЛШ, а распредлбата на европските места ќе биде непознаница до последен момент, екипите сериозно гледаат кон февруарските дуели и веќе почнуваат со реновирање на екипите. 

Првиот голем потег го повлече екипата на ГРК Охрид. Таму доаѓа 26 годишниот Хироки Мацуока. Овој јапонски среден бек европското деби го имаше во чешката екипа Брно. Информациите што ги имаме за него велат се дека се работи за исклучително вешт играч и можете да претпоставите - исклучително брз. Охриѓани го потврдија трансферот. 
На почетокот на сезоната имавме шанса да го видиме Косуке Јашухира и каква преродба донесе во редовите на Вардар 1961. Ако и охридскиот самурај биде со слични квалитети, тогаш ќе биде жешко на брегот на Охридското езеро во суперлигашкиот Плејоф. 
Мацуока не беше дел од репрезентацијата на Јапонија која неодамна обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз. 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk