Митревски ги откажа шутерите на Гаја

Со 17 одбрани и огромни 49% одбранети удари според официјалната статистика, македонскиот голман Никола Митревски беше играч на натпреварот на натпреварот од 14 коло во шампионатот на Португалија на кој Порто ја совлада екипата на Гаја со 32-20. 
Никола Митревски е во одлична форма, што можевме да видиме и на двата меча на репрезентацијата на Македонија во Солун, што може само да го радува и селекторот на Македонија во пресрет на Европското првенство во Германија. 

Во ова коло меч играше и Бенфика, за која настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески. Тој доби минутажа и ја искористи, па со 3/4 имаше солиден придонес за победата над Повоа од 29-23. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk