Голем хендикеп за Романија пред мечот со Србија

Репрезентацијата на Романија денеска игра многу важен меч за пренесување на бодови во следната фаза против селекцијата на Србија. 
Романките имаат голем хендикеп пред овој меч. Нивната најдобра ракометарка, а своевремено најдобрата и во светски рамки, Кристина Неагу, нема да биде во составот.
Неагу е повредена и е физички и психички неподготвена за настап на мундијалот. Таа го пропушти дуелот од првото коло со Чиле, а сега романските медиуми најавија дека не е спремна и нема да настапи ниту на мечот со Србија. 
Во последното коло од групната фаза, Романија ќе игра со домашната Данска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk