Ла Риоха стигна до Топ 4 во Шпанија

(По)Следниот гостин во Европската лига во Скопје, екипата на Ла Риоха бележе драстично подобрување на формата од моментот кога во Логроњо се спаси од пораз од Алкалоид и ги подели бодовите со нашиот тим. 

Од тој момент наваму, Ла Риоха запиша пет победи во Шпанија, последната вчера над третопласираниот Гранољерс (34-31), лански учесник на Фајнал фор на Европската лига. 
На вчерашното дерби, иако губеше на полувреме со четири гола разлика (16-20), Ла Риоха во второто полувреме комплетно го надигра Гранољерс и му го нанесе третиот пораз во 13 одиграни натпревари. 
Ла Риоха во моментов е на четвртото место во Асобал, а шанса вечерва да ги престигне има тимот на Ваљадолид.
Во Европа, од дуелот со Алкалоид, Ла Риоха запиша победа над Војводина во Нови Сад, потоа пораз од истиот тим дома и уште еден минимален пораз дома од Силкеборг. 

Овие резултати се опомена дека во Скопје ќе дојде поинаков тим од тој со кого Алкалоид играше во Логроњо. Нивната форма е во нагорна линија, резултатите им донесоа дополнителна самодоверба, системот им профункционира и Алкалоид ќе биде пред многу тежок испит на затворањето на дебитантската европска сезона. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk