ИХФ го „извиси“ Сенегал

Репрезентацијата на Сенегал е единствениот тим што досега направи какво-такво изненадување на СП со тоа што одигра нерешено со Хрватска. На таа средба Хрватска беше екипата што се спаси од пораз. 

Но, во редовите на Сенегал ги немаше двете најавени засилувања од Франција. Гножан Номбла и Дониа Абдурахим. 
ИХФ не им дозволи натурализација/трансфер на овие ракометарки затоа што Сенегал не е според рејтингот меѓу репрезентациите што можат да натурализираат играчи без да ги исполнат сите услови (Emerging nations). 

Одлуката на ИХФ е во ред, но тајмингот не е. Бидејќи ситуацијата е прилично јасна, Сенегал требаше да биде информиран многу порано и воопшто да не смета на нив и во подготовките и на финалниот турнир. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk