Данците забранија тапани во сала

Непријатно изненадување ги пречека 100-тина романски фанови на првиот меч од СП. Романија игра во Хернинг, Данска, а на нивните фанови не им било дозволено да внесат тапани во салата.
Романците реагирале, го прашале и ИХФ кој нема воведено таква забрана, тапани користат Исланѓаните во Норвешка, но на Романците во Данска не им било дозволено.
Образложението е дека, звукот ги вознемирувал другите гледачи. 

Данска е познатиот исправувач на криви дрини секаде каде што ќе се појави, а со славната ТВ2 плукаа насекаде и по секого освен по скандинавските соседи на сите првенства каде што гостуваа досега.

Но, кога се игра на нивни терен, тогаш плочата свири од другата страна. Па правилата си ги измислуваат самите.

foto: gsp.ro

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk