СП ЧЕТВРТИ ДЕН: Кој против кого, каде да гледате?

Продолжуваат мундијалските возбудувања или подобро кажано загревањето за вистинскиот старт на 26 Светско првенство во женска конкуренција. 
Бројката од 32 репрезентации носи натпревари што резултатски не се атрактивни, но во исто време дава шанса на повеќе репрезентации, а некои од нив како африканските Сенегал, Ангола, па азиската Јапонија и Кореја итн. ги претвораат во незгодни противници и за европските селекции. 
Франција и Германија со голови во последните секунди се спасуваа од реми со Ангола и Јапонија, а Хрватска со гол во последниот напад се спаси од пораз од Сенегал.
Вечерва Полска ќе биде на искушение со брзите Јапонки, а Словенија и на меч што ќе биде директно пренесуван ќе се соочи со Ангола. 

ТВ пренос има од три натпревари што ќе се играат денеска: 

ДЕНЕСКА ИГРААТ
15:30ч
Чешка - Аргентина
Словенија - Ангола  (TV Arena Sport 7)
18:00ч
Иран - Германија
Исланд - Франција
Конго - Холандија
Парагвај - Ц. Гора (TV Arena Sport 5)
20:30ч
Унгарија - Камерун (TV Arena Sport 4)
Полска - Јапонија

РЕЗУЛТАТИ ТРЕТ ДЕН: 
Хрватска - Сенегал  22-22
Ј. Кореја - Гренланд  27-16
Казахстан - Бразил  15-46
Романија - Чиле  44-19
Австрија - Норвешка  28-45
Данска - Србија  25-21
Шпанија - Украина  32-20
Шведска - Кина  36-24

РЕЗУЛТАТИ ВТОР ДЕН: 
Ц. Гора - Камерун  25-11
Холандија - Аргентина  41-26
Германија - Јапонија  31-30
Словенија - Исланд  30-24
Чешка - Конго  32-22
Франција - Ангола  30-29
Унгарија - Парагвај  35-12
Полска - Иран 35-15

РЕЗУЛТАТИ ПРВ ДЕН: 
Бразил - Украина  30-25
Норвешка - Гренланд  43-11
Ј. Кореја - Австрија  29-30
Шпанија - Казахстан  34-17

ГРУПИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА/ДАНСКА/НОРВЕШКА
ГРУПА „А“  - Шведска, Хрватска, Кина, Сенегал
ГРУПА „Б“ - Унгарија, Ц. Гора, Камерун, Парагвај
ГРУПА „Ц“ - Норвешка, Австрија, Ј. Кореја, Гренланд
ГРУПА „Д“ - Франција, Исланд, Словенија, Ангола
ГРУПА „E“ - Данска, Романијам Србија, Чиле
ГРУПА „Ф“ - Германија, Полска, Јапонија, Иран
ГРУПА „Г“ - Шпанија, Украина, Казахстан, Бразил
ГРУПА „Х“ - Холандија, Аргентина, Конго, Чешка

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk