КЕЛЦЕ - Е. ПЕЛИСТЕР 35-25 (18-13)
Е. ПЕЛИСТЕР: Лесјак (5 одб), Гедбан (2 одб), Цехте 7, Тајник 1, Борзаш 4, Танкоски, Радовојевиќ 4, Кузмановски 3, Костески 1, Петровиќ, Петар Атанасијевиќ, Пешевски, Сери, Павле Атанасијевиќ
Екипата на Еурофарм Пелистер го запиша деветтиот пораз во деветтиот одигран натпревар сезонава во Лигата на шампионите. Македонскиот првак беше гостин на актуелниот европски вицепрвак, Келце од Полска и загуби со 10 гола разлика.
Покрај сите анализи што ќе следат и коментари од секаков тип, на овој натпревар беше очигледна разликата во квалитет меѓу двата тима. Индивудално, тимски, подобро воиграни со подобри опции и во напад и во одбрана и речиси сите други параметри што можете да ги посочите и издвоите, беа на страната на полскиот тим.
Речиси и да немаше резултатска неизвеснот на оваа средба. Келце уште од почетокот беше во водство, поведе 6-3, 9-5, 12-8, 15-10 и на полувреме беше 18-13.
Во продолжението иста слика. Гостите помирени со поразот, отпорот беше повеќе симболичен, а прашањето кое чекаше одговор е дали разликата ќе биде под 10 или над 10 гола.
На крајот двоцифрено, Келце избива на второто место во групата, Е. Пелистер заедно со Целје се единствените екипи што се поразени на сите девет натпревари досега.
Поврзани вести