Алкалоид стигна до 13 од 13

РК АЛКАЛОИД - МРК КУМАНОВО 29-12 (14-9)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Контролор: Драган Начевски
РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Галевски, Гарбески 6, Младеновиќ 4, Стојчевиќ, Стојковиќ 1, Ѓоргиев 1, Велковски 1, Омерагиќ 5, Кофилоски 1, М. Митев 1, Д, Митев 3, Савревски 6
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 10 мин.
МРК КУМАНОВО: Димитријевски, Кимевски, Димитров, Стојановски, Даневски 3, Д. Цветковски 1, Бошковски, Тасевски 3, Б. Цветковски, Миладиновски, Богдановски, Илиевски, Симоноски 1, Уча 4, Михајловски
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 6 мин. 

РК Алкалоид стигна до победата број 13 во домашното првенство откако вечерва во Автокоманда ја совлада екипата на МРК Куманово. 
Се беше мошне брзо решено на овој натпревар, Алкалоид поведе со 9-1 и потоа го контролираше резултатот без поголеми проблеми, а играта во одбрана беше на вистинското ниво, па гостинскиот состав во второто полувреме постигн само три гола. 
За Алкалоид на овој меч, дебитираше младинскиот ракометар Максим Гарбески и тој заедно со Давид Савревски беа најдобрите стрелци со по шест постигнати гола. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk