Денеска Е. Пелистер против Келце, каде да гледате?

Настапот на македонскиот Е. Пелистер во Лигата на шампионите можеби ќе биде последен за долго време пред да гледаме одново македонски тим во елитата. Вечерва, нашиот тим ќе игра на гостински терен во Полска, кај Келце. 
Суптилно скроениот систем во ЛШ што имаше примарна цел да селектира кој ќе игра а кој нема во најсилната конкуренција, си ја заврши работата. Екипите од Балканот и Истокот ќе „молат“, за вајлд карти и секогаш ќе бидат во подредена улога.

Е. Пелистер денеска е пред (пре)висока препрека. Келце играше променливо и сега мора да победи, а ако го стори тоа ќе избие и на второто место. Тоа е шанса што Душебаев нема да ја пропушти, но од друга страна битолчани ќе можат уште еднаш да се измерат и да видат до каде се во споредба со најсилните европски екипи. 

Натпреварот ќе почне во 20:45 часот и ќе биде директно пренесува на МТВ-3 и на Арена спорт 5. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk