Вујо си оди од Иран, следна дестинација Египет?

Репрезентацијата на Иран има нов селектор. Медиумите од тој регион јавуваат дека иранскиот тренер Махид Рахимаџа е новиот предводник на иранскиот национален тим, а неодамна поранешниот репрезентативец на Египет, Шариф Моамен беше назначен за нов селектор на младинските категории. 

Рахимаџа доаѓа на позицијата на поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија -  Веселин Вујовиќ. Вујовиќ го одржа реномето на Иран на меѓународната сцена, имаше добар настап на СП Полска/Шведска, но веќе извесен период тој се поврзува со трансфер во Египет. 

Наводно, еден од двата легендарни египетски клубови -  Замалек треба да биде негова следна дестинација. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk