Загреб стана многу опасен тим

Ситуацијата во Загреб откако го заменија Славко Голужа со неговиот асистент Андрија Николиќ бележи значително подобрување, а тоа го докажуваат на секој одигран меч во Лигата на шампионите. 

Откако му откинаа бод на Келце, а потоа прописно го измалтретираа полскиот тим и на нивни терен иако загубија, денеска Загреб му отчита лекција по ракомет, особено по игра во одбрана и на унарскиот Пик Сегед. 

На имиња силниот унгарски состав, во Загреб беше во комплетно подредена улога и на моменти, на десетина минути до крајот на мечот губеше и со девет гола разлика! (13-22). 
На крајот Загреб славеше победа од 30-25 и сега има голема шанса ако победи следното коло во Битола да се пласира во следната рунда. 

Со овие два бода, Хрватска ќе ја мине и Македнија на ранг листата на екипите во Лигата на шампионите. Во моментов двете земји немаат директно место во ЛШ за наредната сезона, но Хрватска во ранкингот за оваа сезона ќе има најмалку осум бода плус што сезонава ги освои Загреб, а ако успее да се пласира во следната рунда, Загреб на Хрватска ќе и донесе најмалку 72 бода, додека Е. Пелистер за Македонија досега има заработено 26. 

РЕЗУЛТАТИ ДЕНЕСКА
Загреб - ПИК Сегед  30-25
Колстад - Алборг  18-29
Целје - Висла 25-30

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk