Андоновски продолжува во Италија

Пред македонскиот ракометар Даниел Андоновски сега е меѓународна кариера. Досега беше верен на Охрид, но пред извесно време објави дека е постигнат договор за прекин на соработката, по што стана јасно дека Андоновски ќе оди во странство. 

Сега е сѐ финалисирано и официјално потврдено. Андоновски ќе ја продолжи каериата во екипата на Трст, односно Паламано Триесте. 
Таму ќе го замени шведскиот играч Тим Солефос со кого клубот реши да ја прекина соработката.

За Даниел ова е прво меѓународно искуство, но овој играч го паметиме како голем работник и во одбрана и во напад и сигурни сме дека добро ќе се снајде во шампионатот на Италија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk