Денеска почнува женското СП, каде да гледате?

Денеска почнува 26 Светско првенство во ракомет во женска конкуренција на кое домаќини ќе бидат скандинавските држави Шведска, Данска и Норвешка со финален турнир што ќе се игра во Јуске Банк Боксен Арена во Хернинг, Данска. 
Актуелен шампион е Норвешка. Најуспешна репрезентација досега е Норвешка. Најголем фаворит за златниот медал е Норвешка. 

Ништо не се сменило во последните 15 години. Норвешка, потоа Франција, Холандија и Данска. Во отсуство на Русија, овие четири земји се најсериозните кандидати да играат во полуфиналето. Доволно квалитетна, а и со помош на домашниот терен во овој квартет да го претвори во квинтет може Шведска. 
Унгарија и Романија одново со игра-не игра Кристина Неагу се во сенка, исто како и Шпанија која по долги години е без Силвија Наваро и Александрина Барбоса.

Барем овој декември не ја гледаме меѓу медалистите ниту екипата на Црна Гора која за разлика од лани во Скопје, сега ја нема пензионираната Јованка Радичевиќ, а ја нема ниту повредената Ѓурѓина Јауковиќ. Еден од проблемите што се јавуваат кога има клуб што е репрезентација е што проблемите од клубот се селат и во репрезентацијата. Па така проблемите меѓу Будуќност и нивниот довчерашен капитен Милена Раичевиќ сега се проблем и на репрезентацијата, па Милена Раичевиќ не е на списокот на Бојана Поповиќ. 

Денеска се играат првите четири натпревари, а ТВ пренос ќе има од два од нив.

ДЕНЕСКА НА ТВ
18:00  Бразил - Украина (ТВ Арена Спорт 1)
20:30  Норвешка - Гренланд (ТВ Арена Спорт 6)
ДЕНЕСКА ИГРААТ:
18:00  Ј. Кореја - Австрија
20:30  Шпанија - Казахстан

ГРУПИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА/ДАНСКА/НОРВЕШКА
ГРУПА „А“  - Шведска, Хрватска, Кина, Сенегал
ГРУПА „Б“ - Унгарија, Ц. Гора, Камерун, Парагвај
ГРУПА „Ц“ - Норвешка, Австрија, Ј. Кореја, Гренланд
ГРУПА „Д“ - Франција, Исланд, Словенија, Ангола
ГРУПА „E“ - Данска, Романијам Србија, Чиле
ГРУПА „Ф“ - Германија, Полска, Јапонија, Иран
ГРУПА „Г“ - Шпанија, Украина, Казахстан, Бразил
ГРУПА „Х“ - Холандија, Аргентина, Конго, Чешка

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk