Швајцарецот игра како „саат“

Македонија во јануари, на Европското првенство во Германија ќе биде во најтешката, но и најатрактивната група на шампионатот. Ќе играме на стадион со Франција, потоа пред полна арена во Берлин и на крајот со репрезентацијата на Швајцарија.
Нишаните на македонската спортска јавност се насочени кон Швајцарија, репрезентација против која се очекува „нешто“, но тоа нема да биде нимално лесно да се постигне. 

Еден поглед кон резултатските и индивидуалните остварувања на македонските екипи и македонските интернационалци кон европската сцена реално ќе одговори на сите прашања околу шансите на нашиот тим во Дизелдроф и Берлин. Но, какви и да се, шанси секогаш ќе има, прашањето е во која мерка ќе успееме да ги реализираме. 

Вчерашното петто коло во Европската лига отвори уште една тема за разгледување и дебатирање, а тоа е силата на составот на Швајцарија. 
Настрана што имаат девет интернационалци во Бундеслигата од кои дел играат и битни улоги во своите германски клуботи, како „десетти“ го имаат идниот селектор и нивната најголема ѕвезда - Анди Шмит. Тој е швајцарскиот пандан на Кирил Лазаров во македонскиот ракомет. 
Тој се врати на нивната домашна сцена по 12 години играње во Бундеслигата, се повреди и сега одново брка форма пред неговиот проштален настап како играч за Швајцарија на големо натпреварување (од јуни ќе биде нивни селектор). 

Со оглед на тоа дека има 40 години, тема за „мудрување“ беше дали ќе успее да се врати на терен, во каква форма ќе биде, дали ќе биде статист или носител и слично. 
Настапите во Европската лига ги разрешија сите дилеми. 

Анди Шмит по пет одиграни кола е најдобриот стрелец во Европската лига. Има постигнато 55 гола или во просек по 11 гола на натпревар. Вчера, во големото реми на неговиот Луцерн против Хановер на гости (30-30) на Германците им даде неверојатни 14 гола! И тоа не е прв пат да постигна толку погодоци. На дуелот со полскиот Горњик одигран пред две недели исто така постигна 14 гола. 
На грчкиот АЕК на гости му сервираше 11 гола, а на домашните мечеви во Хановер и Горњик постигна по осум гола. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk