Македонија без тим во ЛШ догодина!

Стигнаа лошите вести. За волја на вистината и ги очекувавме. Македонија нема да има место во Лигата на шампионите следната сезона. Бележиме пад од пет места на ранг листата и од осмото место сега сме на 13. Директно место обезбедуваат екипите од 1-9 место на ранг листата. 

Македонија ќе има право да аплицира, во секој случај. Но, критериумите за прием во ЛШ сега ќе бидат поинакви и ќе се гледа каков тим имаме, како е логистички организиран, како е финансиски среден, како стои со публика, ТВ преноси и така натаму. Па дури и сѐ да биде идеално, пак, на крајот ќе се прашува ЕХФ. 

Уште кога ЕХФ ги најави промените во начинот на кој ќе се формира Лигата на шампионите, имавме забелешка дека во краток рок тоа ќе се одрази претежно на балканските тимови и тимовите од истокот. 
За следната сезона имаме ситуација во која во ЛШ нема директно место за Македонија, Словенија, Хрватска и Србија. 
Ако сакаме ЛШ, треба да добиеме вајлд карта. 
Хрватска со години е во милост на ЕХФ и секогаш си добива покана за Загреб, за другите екс-ју држави нема да биде толку едноставно. 

На што се должи овој пад? Со оглед дека се рангира секој Куп поединечно, резултатите на Вардар се во прашање, до трите сезони што се бодовуваат само црвено-црниот клуб нѐ претставуваше во ЛШ.
Вардар лани беше суспендиран, имаше 0 бодови и тоа е клучниот момент. 
Шанса ќе имаме во сезоната 2025-26 затоа што Е. Пелистер сезонава ќе освои минимум 26 бода и тие ќе се вреднуваат за таа сезона, па можеби за момент би можеле да се вратиме во игра. Но, тоа нема да е долгорочно, зошто ќе дојдат нови нули за пребројување. 

На крајот на денот, планот на ЕХФ да контролира кој ќе игра во ЛШ, а кој нема комплетно ќе се оствари. 

Македонија во Европската лига ќе има два претставника, од кои едниот ќе игра директно во група,а вториот ќе игра квалификации и веројатно ќе биде во вториот шешир.

Во најслабиот ЕХФ Куп ќе имаме два претставника, а и тие почнуваат од најдолниот дел затоа што немавме таму претставник до оваа година и следствено немавме ниту бодови. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk