Нов мундијалски пехар на ИХФ

Нов пехар ќе биде доделен на Светското првенство во женска конкуренција што почнува утре, а ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка. 

Пехарот е составен од четири дела. Целиот е стаклен и комплетно е рачно изработен. Три дела, исто така рачно, се пребоени со 21 каратно злато.
Оригиналниот пехар ќе се чува во канцелариите на ИХФ во Базел, Швајцарија, додека идните шампиони ќе добијат реплика која ќе биде во нивна трајна сопственост. 

Оваа голема „вазна“ тежи 10 килограми, а ја изработија двајца уметници од Шведска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk