Војводина без Оцвирк и Милиќ, Стефан Додиќ тренира со нив

G-sport во Нови Сад
Ричи Ѓамовски


Двајца ракометари на Војводина од бековската линија нема да бидат денеска во составот на црвено-белите. Поранешниот ракометар на Вардар, Грегор Оцвирк не се рехабилитираше навреме за овој дуел, а неодамна поради повереда на коленото сезоната заврши за десниот бек Милан Милиќ. 

Познато лице деновиве имаше можност повторно да се сретне со „старите“ пријатели од Скопје. 
Стефан Додиќ, поранешниот ракометар на Металург, сега тренира со екипата на Војводина. Тој беше соиграч од „времето“ во Автокоманда со неколку играчи на Алкалоид и ова беше шанса повторно да се дружи со нив, толку колку што дозволуваа околностите. 
Стефан Додиќ се рехабилитира од повреда и по Новата година ќе им се приклучи и на терен на своите нови соиграчи. 

Домаќинот очекува полна сала, односно околу 2000 гледачи денеска, а од нив 100-тина ќе бидат симпатизери на Алкалоид. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk