Јашухира побрз од сирената, погоди за бронза

Косуке Јашухира, вардаровиот Јапонец постигна 10 гола од 11 обиди на мечот за бронзен медал што се играше во рамките на Азиската лига. 
Последниот гол на Јапонецот, постигнат на четири секунди до крајот на средбата му донесе победа на неговиот тим Кадсија од 32-31 над тимот на Ал Кувајт. 

Нов шампион на Азија и учесник на следниот Супер Глоуб е екипата на Ал Калеј од С. Арабија. Тие во големото финале го совладаа составот на Ал Араби од Катар и тоа без Петар Ненадиќ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk