Петти евро предизвик за Алкалоид, каде да гледате?

G-sport во Нови Сад
Ричи Ѓамовски


Алкалоид попладнево ќе го одигра својот петти натпревар во групната фаза од Европската лига. Противник е српскиот шампион Војводина, натпреварот ќе се игра во нивниот дом, во Нови Сад. 

Состојбата на табелата по пет одиграни кола му наложува на домаќинот да мора да освои бод за да биде математички пласиран во Главната рунда. Што се однесува до Алкалоид, ова ќе биде петтата можност низ европски натпревар играчите да собираат искуство што понатаму треба да донесе подобри резултати. 

„Војводина е сериозен противник со докажани играчи на европската сцена и квалитетен ростер. Тие се екипа која лани освоија европски пехар, а имаат големи амбиции и сезонава и во иднина. 
Овие натпревари за нас се добредојдени и преку нив добиваме големо искуство. Тоа е особено важно за нашите млади ракометари, голем процент од нив прв пат играат европско клупско натпреварување. 
Спремни го дочекуваме овој натпревар и очекувам квалитетна игра, голема борбеност и мотивираност од моите играчи“, изјави тренерот Кирил Лазаров. 

Натпреварот ќе се игра со почеток од 18:45 часот, а директен ТВ преност ќе има на каналите МТВ-3 и Арена Спорт 2. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk