Дарко Јанев се раздели со Бутел Скопје

РК Бутел Скопје денеска информираше дека спогодбено е постигнат договор за раскин на соработката со еден од членовите на тренерскиот тим, Дарко Јанев. 

Јанев е препознатливо име во македонскиот ракомет и како играч, а сега и како тренер. Одлично функционираше во младинските категории, а потоа и како асистент на Кристијан Грчевски, последно на Горан Кузманоски - Таста. 

Ракометниот клуб Бутел Скопје ја информира јавноста дека спогодбено е раскинат договорот со нашиот тренер во младинските категории Дарко Јанев. Тој долги години работеше во младинските категории на Бутел Скопје, а беше и дел од првиот тим како асистент на Кристијан Грчевски и Горан Кузманоски. Му благодариме за досегашната работа и му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk