Адемар Леон и Барса, двата најголеми брендови во ракометот во Шпанија во моментов го одиграа својт меч од Асобал на кој домаќин беше Адермар, а победи Барса (39-25).
„За доброто на ракометот, вакво нешто не смее да се повтори“, изјави по мечот тренерот на Барса, Антонио Ортега.
За што се работи?
Салата на Адемар се реновира и условите во неа се под минимум. Многу под минимумот кога станува збор за Барса. Каталонците реагирале кај делегатот во федерацијата, но секаде им било наложено да играат.
Температурата во салата била (неофицијално) околу три степени. Играчите на клупата за резерви седеа во јакни,капи и со ракавици на рацете.
Покрај тоа салата поради градежните работи била многу валкана, вклучително со теренот кој претходно бил заштитен со најлон...