Душебаев чуваше сили за Е. Пелистер

Македонскиот првак во четврток ќе игра тежок натпревар на гостински терен, а домаќин на битолчани ќе биде екипата на Келце. 
Полјаците играат променливо и не се на ниво на кое се очекуваше да бидат сезонава, но долга е „нивата“ а Душебаев добро знае дека најважно е играчие да се во врвна форма во втората половина од сезоната. 

Но, Келце не смее да распродава бодови, а учеството на Супер глоуб веднаш потоа и во ЛШ ги умори нивните ракометари, па затоа на првенствениот дуел со Заглебје, одигран како предигра за дуелот со Е. Пелистер во составот ги немаше Андреас Волф, браќата Душебаеви и Аркадиуш Морито. 

Тоа се виде во нивната игра и до 45 минута резултатот беше во егал. Дури потоа Келце успеа да направи серија со која побегна на 25-21, за конечно мечот да го добие со 30-24. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk