Галевски: Спремни сме за предизвикот

Младиот голман на Алкалоид, Иван Галевски, сезонава ги освои симпатиите на публиката со одличните партии што ги пружаше во Суперлигата, а тој е еден и од столбовите во младинскиот национален тим. Дојде редот да собира и европско искуство. Дебитираше на мечот на Алкалоид во Силкеборг, а утре ќе го одигра својот втор меч во Европската лига.
Алкалоид му гостува на тимот на Војводина, а Галевски, заедно со Благојче Трајкоски ќе биде на голот. 

„Не очекува нов европски натпревар на гостински терен. Овој меч ќе биде нов голем предизвик со кој нашата млада екипа ќе треба да се соочи. Војводина е сериозен противник, тоа го покажува со резултатите и оваа сезона во Европа. Ние ја анализиравме добро нивната игра, и подготвени сме да излеземе на терен, со жеба и борбеност да се надигруваме со противникот во Нови Сад“, изјави Иван Галевски. 

Натпреварот меѓу Војводина и Алкалоид ќе се игра утре со почеток од 18:45 часот, а тв пренос ќе има на МТВ 3

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk