Стоп за трансфери во Лајпциг

Бундеслигашот Лајпциг е првиот клуб кој најави дека следната сезона нема да троши пари на нови играчи. Овој клуб минатата сезона немаше проблем да плати 100.000 евра оштета за да го доведе чешкиот играч Матеј Клима, но се „изгореле“ малку со пресметките па следното лето ќе штедат. 

На неколку играчи, им истекуваат договорите, меѓу нив и поскапите Оскар Сунефелт и Арни Рунарсон, но директорот на клубот, вели дека имаат доволно ракометари. Сеедно, приориет им останува предвреме да го продолжат договорот со Матеј Клима кој има потпишано до 2025 година. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk