Шпанија остана без Барбоса за СП

Уште четири дена не делат од стартот на женското Светско првенство што ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска. Македонија нема да учестува на ова СП затоа што не успеа во баражот да ја елиминира репрезентацијата на Украина.

Една од репрезентациите учеснички е тимот на Шпанија со која ќе играме во следните две кола од Квалификациите за ЕХФ Еуро. Тие се во група со Украина, Бразил и Казахстан, а деновиве селекторот Мартин Амброс се пребројува во составот кој е „начнат“ поради неиграње на три познати ракометари. 

Левото крило Хенифер Гутиерез и бекот Сајна Ембенге неделава го напуштија треинг кампот поради повреди, а денеска официјално од списокот на патници за СП отпадна и нивната најпозната ракометарка, Александрина Кабрал Барбоса, натурализирана ракометарка со потекло од Португалија. 
Ракометарката на Брест не е подготвена за да настапи на пријателскиот турнир што се игра деновиве, следствено и на СП и си замина од тренинг кампот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk