Поради лошите временски услови на патот кон Охрид, судиите не беа во можност навреме да стигнат, па затоа натпреварот ќе доцни, најавено еден час.
Суперлигата влегува во интересна завршница во која на ред се финалните битки за поделбата на позициите на табелите, односно поделбата на екипите на Плејоф и Плејаут и која екипа колку бодови ќе пренесе во следната фаза.
Бодовите се делат на следниот начин:
Првопласираниот во групата пренесува три бода. Второпласираниот пренесува два бода, третопласираниот пренесува еден бод, а четвртопласираниот оди во Плејоф без бодови.
Истото се однесува и за Плејаут, со тоа што петтопласираниот пренесува три бода...
Интересна ситуација имаме денеска во пресрет на дербито на колото што ќе се игра во Охрид, а таму ќе гостува ГРК Тиквеш.
Кавадарачни имаат еден пораз, охриѓани три. Но, Тиквеш има и меч со Алкалоид од кого загуби во Скопје (22-30) и кој е фаворит и за следниот дуел, па денеска, реално, мечот може да има одлучувачка улога која од овие две екипи ќе го освои второто место во групата и ќе пренесе еден бод повеќе.
Нивниот меѓусебен дуел во Кавадарци заврши со победа од 32-30 за ГРК Тиквеш. На Охрид му треба победа од три гола или победа од два гола, но Тиквеш да постигне помалку од 30 гола.
Двата тима се мобилизираа пред денешниот меч свесни за неговото значење. Охрид ја има предноста на домашниот терен, но кавадарчани имаат предност од два гола. Почетокот на дуелот е закажан за 18:30 часот, а ќе може да се следи преку Јутјуб каналот на РФМ на следниов линк
МАКЕДОНСКА СУПЕРЛИГА
18:30 ГРК ОХРИД - ГРК ТИКВЕШ - ЛИНК