РК СТРУГА - РК АЛКАЛОИД 17-29 (8-15)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески. Контролор: Драган Начевски
РК СТРУГА: Тутенкоски, Мулиќ 2, Савески 1, Младеновски 3, Ѓорѓиески, Кленкоски, Симоноски 1, Матески, Велјаноски 1, Ф. Мечкароски 1, Костоски, Маркоски 3, Бошњак 5, С. Мечкароски, Гускароски, Рикановиќ
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 6 мин.
РК АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски, Џонов 4, Младеновиќ 4, Серафимов 3, Стојчевиќ 3, Стојковиќ 2, Ѓоргиев 2, Велковски, Омерагиќ, Бинго, Кофилоски 1, Д. Митев 3, Савревски 4
Седмерци: 0/1 Исклучувања: 8 мин.
Премиерниот меч од 12 коло во групата „А“ се одигра вечерва во „Автокоманда“, а се сретнаа екипите на Струга и Алкалоид. Скопскиот состав во забрзан ритам ги игра натпреварите, затоа веќе во недела патува за Нови Сад, каде што во вторник ќе го одигра мечот од петтото коло од Европската лига против екипата на Војводина.
Алкалоид ја оправда улогата на фаворит и ги освои бодовите од вечерашниот дуел. Кирил Лазаров покрај повредениот Александар Петковски, вечерва го штедеше и Марко Митев, а на голот не беше Ромеро, туку Галевски.
Стружаните играа добро и резултатски беа блиску со до резултатот 7-9, по што Алкалоид со серија од 5-0 поведе со 14-7 и мирно го приведе првиот дел до резултат 15-8.
Во второто полувреме, односот на силите не се промени, Алкалоид го контролираше резултатот и поведе со 18-10, 20-11, 24-14 и до крајот на средбата без поголеми турбуленции стигна до посакуваните три бода.
Денеска се одигра меч и во групата „Б“, на кој се сретнаа „Вардар и Вардар“. Победи фаворитот Вардар 1961 на гости кај Вардар Неготино со резултат 35-22
Поврзани вести