Ја смени Франција со Сенегал!

Левиот бек Гножан Номбла, француска репрезентативка која со „сините“ освои злато на СП 2017 и ЕП 2018, реши да ја смени репрезентацијата.
Оваа 33 годишна ракометарка иако родена во Франција, има потекло од Африка (Брег на Слонова коска) но ја одбра селекцијата на Сенегал и во иднина ќе настапува за оваа селекција. Правилата на ИХФ дозволуваат ваков трансфер доколку играчот има пауза од три години во настапот за претходната репрезентација. Номбла нема играно за Франција од 2019, но ракометарката на романската Бистрица нема живеено три години без прекин во Сенегал. 
Овде важат поинакви правила отколку за Европа и таа по примерот на браќата Њокас ја користи таа можност и ќе игра за континентот од каде што потекнува, а тоа во случајов е Африка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk