Косуке Јашухира во полуфинале на Азискиот шампионат

Азиското клупско првенство се одржува во Кувајт, а неколку познати европски имиња играат за екипите што се борат за престижната титула и место на следниот Супер Глоуб. 

Јапонецот Косуке Јашухира, ракометарот на Вардар игра за екипата на Кадсија од Кувајт и успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот. 
Неговиот ангажман на Блискиот исток ги вознемири Полјаците од Висла Плоцк кои го позјамија Косуке на Вардар, до таа мерка што побарале и писмено објаснување од ИХФ. 

Коскуке Јашухира, пак, во Кувајт игра променливо. Кадсија се пласираше во полуфиналето со скор од 4-0-1. Ист таков скор имаа и Ал Араби од Катар и екипата на Ал Шарјах од ОАЕ. Во пребројувањето на меѓусебните дуели, од игра испадна екипата од ОАЕ. 

Кадсија беше поразена во првото коло од Шарјах (28-30). Јашухира ги постигна првите два гола за својот тим и остана на тие два гола, а имаше уште два обида. На тој меч блескаше екс играч на Металург, Владан Липовина со 12/14, но недоволно за победа. 

Косуке Јашухира блесна на вториот меч, против Ал Шабаб од Либан, екипа за која игра Јанко Божовиќ, уште еден црногорски играч кој порано играше за Металург. 
Косуке постигна 11/11 во победа од 32-25. 

Потоа следеше победа над Ал Џаиш од Ирак (25-23) со 1/3 остварување на Јапонецот, победа од 39-19 над Кимис од Индија (1/1 за Косуке) и најважната победа, 27-25 над Ал Араби екипа за која играат екс вардарецот Дутра, потоа Рафаел Капоте, Александер Петерсон, а ги води литванскиот тренер Гинтарас Савукинас (екс Мотор, Литванија). Косуке на тој меч имаше 3/5. 

Кадсија во полуфиналето ќе се сретне со екипата на Ал Калеј од С. Арабија, екипа во која прва ѕвезда е српскиот играч Петар Ненадиќ, а таму игра и екс пикерот на Барса, Јусеф Бен Али. 
Другото полуфинале го сочинуваат Ал Араби (Дутра, Капоте, Петерсон) и Ал Кувајт (Франкис Марзо, Винисиус Тешеира, Анхел Ернандез). 
Двата полуфинални дуела се играат утре. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk