Е. Пелистер се жали на судењето со ПИК Сегед

Е. Пелистер беше минимално поразен од ПИК Сегед на домашен терен во осмото коло од Лигата на шампионите. Покрај горчината од поразот, битолчани почувствуваа горчина од ред судиски одлуки. 
Клубот почувстува морална одговорност да испрати жалба во ЕХФ, иако би требало да бидат свесни дека ваквите жалби се одбиваат како пинг-понг топче од заштитниот слој со кој е обивена судиската организација во ЕХФ. 
Уште повеќе, годинава откако данската ТВ2 бркаше духови во судиската организација како епилог, иако без факти и докази на сцената веќе не ги следаме најдобрите хрватски судии Милошевиќ и Губица, а ги нема ниту српските Панџиќ и Мошорински. Тие немаат добиено ниту еден европски меч. 

Затоа, пак, да не именуваме поединечно, видовме неколку натпревари на кои не само играчите, туку и коментаторите не знаеја што да кажат за одредени судиски одлуки и недостаток на авторитет на теренот.

Настрана тоа, Е. Пелистер реши да реагира во ЕХФ. 

РК Еурофарм Пелистер во склоп на својата транспарентна и отворена врска со своите приврзаници ја информира јавноста дека поднесе официјална жалба на арбитражата на француските судии Карим и Рауф Гасми на натпреварот од осмото коло од групата А на Лигата на шампионите против ПИК Сегед.

Сметаме дека нашиот клуб не доби адекватен третман во текот на целиот натпревар, делењето на правдата не беше соодветно на степенот на натпреварувањето и одлуките на судиите директно влијаеја на конечниот резултат и финалниот исход. Клубот го искористи своето право да се обрати до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и неговата судиска организација и да побара одговорност од делителите на правдата.

Оваа жалба е одговорност кон нашите професионалци во клубот, армијата навивачи на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракомет кој го претставуваме.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk