Трансфери, вести: Ултиматум или поддршка во ЧСМ? Барса наполни 80 години...

Тренерот на ЧСМ Букурешт, Адриан Василе е цел на критики поради играта на еден од најскапите ракометни проекти во женскиот ракомет. Клубот застана во негова одбрана, но подвлече црвена линија. 
„Адриан Василе ја има целата наша поддршка. Но имаме и јасна цел. Пласман на Фајналфор турнирот. Ако не успееме да се пласираме, соработката автоматски ќе биде прекината“, официјално соопштија од клубот. 



Ракометната секција на Барселона, денеска го слави својот 80 роденден. За овие осум декади, Барселона има освоено 30 домашни првенства, 11 титули европски шампион, 5 титули на Супер глоуб, 5 пати Европски Супер Куп, 5 пати КПК и уште, многу, многу други што ги прави нивните витрини далеку најбогати на светот.




Португалскиот плејмејкер Мигуел Мартинс, во моментов член на ПИК Сегед, наредната сезона најверојатно ќе се пресели во редовите на најголемиот ривал - Веспрем. Овој португалски играч беше желба и на Вардар во сезоната кога Стевче Алушовски беше тренер на црвено-црните, но го одбра Сегед пред Скопје. 



Спонзорскиот договор истече и арената во Флензбург си го врати старото име. Место „Фленс Арена“, одново се вика „Кампусхале“. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk