Дувњак доби нов договор во Кил

На Кил не му одеше сезонава, особено откако минатата недела беше декласиран од Алборг на домашен терен (18-27), а му следеа два меча - со лидерот Берлин и одново со Алборг, на гости. 

И кога му беше најтешкоа на тимот, се разигра Домагој Дувњак. 

Со девет гола го предводеше Кил во победата над Берлин, а вчера „зебрите“ одиграа нерешено во Алборги го зачуваа првото место на табелата во Лигата на шампионите. 

Германските медиуми објавија дека Кил и Дувњак постигнале нов договор за продолжување на соработката и дека тој останува таму најмалку до јуни 2025 година. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk