„Пукање“ на Арената во Дизелдорф ги исплаши Германците

Момци со автоматски пушки, пукаат едни на други, трчаат и кријат низ празниот стадион во Дизледорф... Такво видео поставено од вработен во „Меркур Шпил Арена“ по само 18 часа од поставувањето на Тик Ток имаше над 400.000 прегледи. 
Авторот на видеото, сепак, дал знак дека нема вистинска опасност во текстот - „Моментот кога ќе заборавиш дека денеска е ден за вежба“. 

Всушност се работи за полицска вежба во пресрет на Европското првенство во ракомет што во јануари ќе се игра во Германија.
Меркур Шпил Арена каде што полицајците вежбаа, но не со вистинска боева муниција и ја вознемирија јавноста, ќе биде домаќин на две средби од ЕП на кои ќе биде поставен Светски рекорд на посетеност на еден ракометен меч, а за тоа ќе се погрижат над 50.000 гледачи. 
Првата од тие две средби е дуелот меѓу Македонија и Франција. 
Датумот е 10 јануари. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk