Во Е. Пелистер гледаат подобри времиња

Е. Пелистер вчера беше најблиски во осумте одиграни кола да ја „скрши“ нулата на табелата во Лигата на шампионите. 
Тоа е важно затоа што секој освоен бод се вбројува во калкулациите за следниот ранкинг за Лигата на шампионите, а Македонија таму оди надолу и прашање е дали следната сезона ќе имаме директно место во ЛШ, имајќи предвид дека за целата ланска сезона имаме  - нула. 
Е. Пелистер сезонава со учеството во ЛШ обезбеди 16 бодови, плус 10 што ќе ги добие за пласман на 7-8 место во групата. Но, тие нема да се сметаат за следната сезона, туку за сезоната 2025/26. 
За наредната сезона ќе се сметаат само бодовите освоени во сезоните 2022/23, 2021/22 и 2020/21. 

Како и да е, секој освоен бод може да значи играње или неиграње во Лигата на шампионите. Особено што конкуренција за последните две места што носат директен пласман во ЛШ ни се Норвешка, Хрватска и Словенија. 

Вчера Е. Пелистер беше блиску до освојување на првиот бод во Лигата на шампионите. Секунди го делеа од реми, штета што не го освои. Во клубот гледаат подобри времиња. Новиот тренер, Бранко Ангеловски им се заблагодари на навивачите за поддршката и им вети победа во ЛШ. 

„Сакам да им се заблагодарам на играчите кои веруваат во тоа што го работиме на тренинг. Веруваат дека сме блиску до победа и за краток рок ќе дојдеме до неа. Победата ја заслужуваат сите, првенствено навачите и сите битолчани кои се осми играч.
Мора да останеме мирни и фокусирани за да бидеме сплотени. Во Лигата на шампионите има силни ривали, ние треба да го билдаме своето име и да направиме респектабилна екипа за годините кои следат. Сметам дека имаме иднина. Со добра работа и овие натпревари може да ни дадат за право дека ќе бидеме уште подобри.
Самото доаѓање на Филип Кузмановски ја подгреа атмосферата. Соблекувалната одреагира добро. Работата околу него беше во тајност околу еден месец. Моментот кога излезе можност да дојде кај нас, најсреќни беа неговите сегашни соиграчи. Тоа ми даде желба и елан дека може да направиме многу. Најважно е дека го имаме тука, за да напредуваме во иднина.
Филип Кузмановски кој може да покрие и на лев бек, па се надевам ќе се крене до посакуваната форма и ќе го имаме на уште повисоко ниво„ изјави Бранко Ангеловски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk