Секунди го делеа Е. Пелистер од бод во ЛШ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - ПИК СЕГЕД 27-28 (12-15)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Карим Газми и Рауф Газми од Франција. Делегат: Алин Кирлигеану од Романија.
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Гедбан, Лесјак, Цехте 3, Тајник 1, Кисум, Борзаш 6, Танкоски, Радивојевиќ 2, Кузмановски 5, Костески 1, Петровиќ 3, Петар Атанасијевиќ 1, Ѓорговски, Василев 4, Павле Атанасијевиќ 1
Седмерци: 0/1 Исклучувања: 10 мин.
ПИК СЕГЕД: Миклер, Имсгард, Степанчиќ 5, Бодо 1, Мартинс 1, Јелиниќ, Сита 2, Габер 4, Шоштариќ 7, Фримел 2, Молина, Гарсијандиа, Фекете, Бомбач 2, Мачковшек 4, Силаги
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин.

Македонската јавност имаше по подолго време да го види во акција репрезентативецот Филип Кузмановски кој дебитираше за Е. Пелистер во оваа сезона. Воопшто не изгледаше лошо во напад новото засилување за битолчани. Средбата ја отвори со цепелин, постигна 4/6, имаше асистенција... 
Се надоврзуваше Пешевски, погодуваше и Борзаш.
Во одбрана битолчани имаа проблем. Лука Степанчиќ лесно наоѓаше простор, се отвораше простор и за Габер, а генерално Унгарците го контролираа резултатот и имаа релативно комотна предност. 

Прв пат плус три беше во 10 минута (7-4), потоа се водеше битка два до три гола. Битолчани во еден момент намалија на 8-9, но набрзо потоа беше 9-13 и така сѐ со крајот на полувремето кое заврши со предност на гостите од 15-12. 

По пет минути игра во вториот дел одново имаа плус четири гостите (18-14, 19-15). Потоа дојде најдобриот период од играта за битолчани. Почна серија со која израмнија на 19-19. По ова, игра гол за гол. Унгарците ќе поведеа, битолчани ќе бркаа. 
Во финишот, Гедбан одбрани пенал при резултат 25-26, потоа имаше и уште една одбрана при истиот резултат и уште еднаш одбрани Алжирецот пред Борзаш да погоди за 26-26, потоа и Петровиќ погоди за 27-27. 
Во последниот напад, Золтан Сита погоди за водство на Унгарците и конечна победа од 28-27. 

Е. Пелистер генерално може да биде задоволен со прогресот на последните неколку натпревари, вечерва малку недостасуваше приказната да изгледа поинаку. Ќе има што да се аналзира, меѓудругото и неколку судиски одлуки во финишот на натпреварот... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk