Кузмановски вечерва на терен во Битола!

Филип Кузмановски вечерва за прв пат ќе се појави во дресот на Еурофарм Пелистер откако одлучи да ја напушти Бундеслигата и да се врати во македонскиот шампионат. А со тоа и во Лигата на шампионите во која Е. Пелистер има за играње уште седум натпревари. 

Филип Кузмановски немаше голема минутажа во бундеслигашкиот тим Вецлар откако почна сезоната, а особено тоа беше потенцирано во последните натпревари. Затоа и реши рестарот на кариерата да го има во Македонија, а матичниот Е. Пелистер и настапите во Лигата на шампиоте се предизвик на кој допрва ќе треба да одговори. 
Јасно тој ќе треба да достигне извесно ниво на форма за да може да придонесе за подобра игра и резултати на клубот, а приказната почнува вечерва, на дуелот со ПИК Сегед. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk