Е. Пелистер - ПИК Сегед, ПСЖ - Колстад, Алборг - Кил, каде да гледате?

Денеска почнува осмото коло во Лигата на шампионите во кое македонскиот претставник Еурофарм Пелистер ќе игра на домашен терен со екипата на ПИК Сегед. 
Средбата ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а почетокот на натпреварот е закажан за 18:45 часот. 

Директен ТВ пренос од овој натпревар ќе има на МТВ - 3. 

Средбата Е. Пелистер - ПИК Сегед ќе биде пренесувана и на ТВ Арена Спорт 3, но со коментар на српски јазик. На ТВ Арена Спорт каналите денеска ќе можете да следите уште два натпревари од Лигата на шампионите. 
На каналот ТВ Арена Спорт Премиум 2 со почеток од 18:45 часот ќе биде пренесуван натпреварот меѓу Кил и Алборг. По минатонеделното фијаско на Кил на домашен терен, а потоа и победата над Берлин, сега „зебрите“ одат да се отсрамат во Данска. 
Во 20:45 часот исто така на ТВ Арена Спорт 2 Премиум ќе биде пренесуван дуелот меѓу ПСЖ и Колстад. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk