Војводина го врати „брејкот“

Комплетирано е четвртото коло во Европската лига по кое се доизбистрија многу работи низ елиминациските групи. Војводина премногу се опушти во претходното коло и загуби дома од Ла Риоха, но синоќа со правилен пристап комплетно го контролираше мечот во Логроњо и покажа дека поседува поголем квалитет отколку што демонстрираше досега, особено на претпоследниот дуел.
Војводина ја совлада Ла Риоха (29-32) и ѝ остави само теоретски шанси за пласман во Топ 16. На црвено-белите од Нови Сад потребен им е само уште еден бод од следните две кола (Алкалоид дома и Силкеборг на гости) за пласман во следната рунда. Нашиот Алкалоид веќе и математички не може да ја стигне следната рунда, но тоа во дебитанската сезона со стратегијата насочена кон напредок, а не кон инстант резултат и беше очекувано. 

Во следната фаза, во Европската лига извесно веќе нема да има Македонци. Бенфика вчера беше поразена од Рајн Некар Ловен на гости со 39-30 (Талески 0/1) и за пласман во следната рунда ќе и требаат две победи, од кои едната над Нант во следното коло да биде со 10 гола разлика. Притоа, Нант треба и двапати да загуби. 

Црногорскиот Ловќен каде што игра Бојан Маџовски е еден од четирите клуба во Европската лига што нема освоено бод по четири кола и следствено нема ни шанси да се пласира во следната рунда. Ловќен вчера како гостин загуби од Кадетен Шафхаузен со 36-26 (Маџовски 0/2). 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk