Закажани тестови и со Црна Гора пред ЕП

За нешто повеќе од еден месец, машката репрезентација на Македонија ќе настапи на Европското првенство што ќе се одржува во Германија и уште повеќе ќе биде дел од спектаклот на првиот ден, на кој натпреварите ќе се играат на фудбалскиот стадион „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф. 

Во подготвителниот период, Македонија одигра два меча со Грција во Солун, а во јануари не очкуваат возвратните два во Скопје. 

Меѓу овие дуели, Македонија ќе се подготвува комбинирано и во Македонија и во Србија, а таму, во Стара Пазова ќе одигра и пријателски меч со репрезентацијата на Црна Гора. Најверојатниот термин е 29 декември, а можно е да не биде само тој натпревар. Во комбинација се дуели со Алжир или Србија, но тоа засега не е дефинирано. 

Како и да е, Кирил Лазаров ќе има неколку можности да ги испроба своите играчи пред дуелите со велесилите Франција и Германија и потоа натпреварот со Швјцарија од третото коло. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk