Чешки предизвик за Ѓ. Петров во ЕХФ Куп

Екипата на Ѓорче Петров, македонскиот шампион, ја продолжува европската сезона во 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп. Тоа се два нокаут натпревари што ќе се играат во јануари 2024. 

Денеска се одржа и ждрепката по која македонскиот тим го доби противникот за влез меѓу осумте најдобри. Тоа е екипата на Хазена Кунжварт од Чешка. Релативно тежок и неатрактивен противник, но и релативно добар избор имајќи предвид дека на списокот на потенцијални противници беа три шпански екипи, еден тим од Португалија кои ќе беа многу поатрактивни и подобар магнет за привлекување на публика во „Автокоманда“, но и улогата на фаворит наголемо ќе беше на нивната страна. 

Кунжварт своите натпревари од Европската лига ги игра или во својот „град“ кој има само 1500 жители или во Чеб, град со подолга традиција познат во женскиот ракомет кој одвреме навреме се наоѓал на патот на македонски екипи и репрезентации. 

Овој клуб е доста посилен од белгискиот Ејупен или пак црногорскиот Тиват со кого си имаше работа македонскиот клуб сезонава. Кунжварт е сериозен погон, во рамки нивото на професионализам што го има чешкиот женски ракомет. 
Има четири странски играчи. Две ракометарки се од Црна Гора, две од Словачка. Не се познати репрезентативни имиња. Немаат такви ниту во првиот тим. 
Кунжварт е екипа која е на петтото место во првенството со седум победи, реми и три порази или пак, пет бода заостанување зад лидерот Михаловце.

Во Европа ја игра својата втора сезона. Во двете елиминациски кола сезонава запиша четири победи. Двапати беа подобри од Винтертур од Швајцарија и двапати од холандскиот Вестфрисленд со што го заработија своето место во првиот шешир. 

Домаќин на првиот меч ќе биде екипата на Ѓ. Петров. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk