Ѓорче Петров во 1/8 финалето на ЕХФ Куп!

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - ЕЈУПЕН 48-36 (22-20)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Кицеска, Чурлиновска, Коларовска 11, Велкова 2, Костовиќ 2, Ѓоргиевска, Божиновска 1, М. Јанкуловска 7, Грковска, А. Јанкуловска 7, Божиновска 3, Ризоска 11, Николовска 2, Дамјаноска 2, Николиќ

Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Ѓорче Петров ЖРК се пласираше во 1/8 финалето на ова натпреварување и ќе го гледаме на европски дуел и во јануари. 

Вечерва во „Автокоманда“, македонскиот состав ја комплетираше мисијата „Ејупен“ со втора победа во која исто како и пред седум дена дадоа над 45 гола. 
По победата во Белгија, вооопшто не се поставуваше како дилема дали Ѓ. Петров ќе успее да се пласира. Формално мораше да се одработи задачата, а дека пристапот е еден од главните елементи видовме во првиот дел, во кој белгискиот тим беше сосема рамноправен, на моменти имаше и водство. 
На одмор се замина со резултат 22-20, а потоа во вториот дел гостинските израмнија на 24-24.
Тоа беше моментот во кој се смени чипот во составот на Ѓ. Петров, па во следните минути доминираа на средбата, направија серија од 7-0, поведоа со 31-24 и потоа мечот имаше сосема поинаков тек. 

Симе Симовски имаше можност со европско искуство да збогати повеќе ракометарки, победата не беше доведена во прашање, за пласманот да не зборуваме. 

Во вторник ќе го дознаеме името на следниот противник на Ѓ. Петров, а како се тесни кругот, внатре остануваат се посериозни екипи, па ќе треба и среќата да одигра мала улога. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk