Ѓорче по 1/8 финале во ЕХФ, каде да гледате

Единствениот македонски женски претставник во Европските купови што успеа да дотурка до ноември во Европа, екипата на Ѓорче Петров - ЖРК, вечерва со почеток од 20:00 часот ќе го игра реванш натпреварот од третото коло со белгискиот тим Ејупен. 

Македонскиот состав на првиот меч во Белгија славеше победа од 45-39 и вечерашнава средба треба да биде повеќе форлмалност за пласман во 1/8 финалето и закажан европски дуел и во 2024 година. 

Натпреварот ќе се игра во салата „Автокоманда“ во Скопје, а тв пренос од натпреварот ќе има и на МТВ 3. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk