РК МУЛТИ ЕСЕНС - РК ПРОЛЕТ 62 31-32 (17-16)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Контролор: Игор Огненов
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 6, Костовски, Илиески 5, Д. Узунчев 3, Петрески, Трајчев, Трајковски, Василевски, Т. Узунчев, Димовски 7, Јорданов 6, Карасманакис 3
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 8 мин.
РК ПРОЛЕТ 62: Петковски, Јовановски, Крстески, Пецаковски, Василевски 3, Кочаров, Димов, Андоноски 5, Мајнов 6, Димковски 1, Стојановски 1, Јачев, Михаљевиќ, Палевски 5, Арсеновски 8
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 6 мин.
Александар Јовиќ имаше трилер деби на клупата на Тинекс Пролет, вечерва, на дуелот со тимот на Мулти Есенс.
Постариот скопски тим не ја оправда улогата на фаворит иако ги освои трите бода, но то стори со звукот на сирената и тоа со шут од центарот кон празната мрежа на противникот.
Неколку секунди порано, Мулти Есенс со цепелин успеа да погоди за 31-31, но, напаѓаа без голман затоа што имаа исклучен играч, а измената по постигнатиот гол не беше доволно брза за Ерманоски да се врати во својот простор и тоа им остави на гостите можност да шутираат на празен гол од центарот на игралиштето, а Филип Арсеновски не ја пропушти таа шанса.
Гостите водеа во првиот дел, имаа стартни 5-2, но РК Мулти Есенс израмни на 8-8 потоа го презема водството и на полувреме имаше гол предност (17-16).
Во вториот дел гостите одново имаа гол до два предност, но постојано беше блиску и притискаше домашниот тим. Во финишот беше најавена мини сеназција кога по резултат 25-25, во водство премина РК Мулти Есенс. Водеше и со 27-26, 29-28, а потоа во финишот одново Т. Пролет водеше, а РК Мулти Есенс напаѓаше за израмнување. По последните 10 секунди, со гол од цепелин РК Мулти Есенс израмни на 31-31, а Пролет со гол од центарот на игралиштето на празна мрежа успеа да погоди и победи.
Поврзани вести