Струга чекор поблиску до Плејоф

Екипата на Струга, предводена од Јовица Младеновски кој постигна 10 и Мерис Бошњак кој погоди девет пати направи уште еден чекор напред кон пласманот во Плејоф шампионатот откако денеска како гостин го совлада тимот на Скопје 2020 со убедливи 38-29. 

Како ќе се движи резултатски натпреварот беше најавено уште на стартот кога Струга поведе со 5-1, а кратко потоа водеше со 7-2. 
Скопје потроши многу енергија за да ги стигне овие пет гола негатива, но најдобро што реализираше беа минус од еден (6-7), потоа беше 7-9, за Струга одновно да се одлепи на плус пет (14-9). 
Скопје до полувремето имаше уште еден напор да се приклучи, намали на 17-19, потоа во вториот дел беше 20-22 и по ова гостите засилија, поведоа со 28-20 и ги решија сите дилеми. 
Андреј Митиќ со 12 гола беше најефикасниот играч на домашниот состав, следен од Пешкирски кој постигна пет. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk