ЏИН НА КОЛЕНА: Кил рушеше негативни рекорди

Враќањето на Никлас Ландин во Кил беше одбележано со ретко видено фијаско на зебрите на домашен терен по кое веројатно сериозно ќе бидат преиспитани потезите што беа повелечени, а што и претходеа на ваквата слаба сезона на Кил. 
Никлас Ландин имаше 19 одбрани против својот поранешен клуб, а Алборг победи 27-18 (11-6) и му нанесе еден од најтешките порази и покрај фактот што нивната прва ѕвезда, Микел Хансен не постигна гол од игра. Не беа слаби ниту голманите на Кил, имаа сосема солидни 13 интервенции вкупно. Но, Алборг вчера беше доминантен. 

Кил во овој свој перформанс запиша и статитсички неколку податоци со кои нема да се гордее. 

- Најмалку голови на домашен терен во историјата на нивните настапи во Европа.
- Само шест постигнати голови за едно полувреме е најслабо остварување во последните 22 години. 
- Шест гола за едно полувреме на домашен терен е израмнување на негативен рекорд стар 27 години.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk